More

    Американската актерка Брук Шилдс раскажа зошто 30 години чувала во тајност дека била силувана

    spot_img

    Американската актерка Брук Шилдс раскажа зошто 30 години чувала во тајност дека била силувана.

    „Не знаев дали и кога воопшто ќе зборувам за тоа. Ми требаа години и години терапија за да стигнам до точка да можам да зборувам за тоа. Напорно работев на тоа и конечно научив како да го обработам сето тоа“, рече таа во интервју за „Холивуд репортер“.

    Имено, во новиот документарен филм наречен „Убавото бебе: Брук Шилдс“ (Pretty Baby: Brooke Shields), актерката изненади многумина со својата исповед. Таа не го откри идентитетот на нејзиниот напаѓач, но рече дека со тој маж, човек кој претходно го познавала, се сретнала набрзо откако дипломирала.

    Во тоа време, таа мислела дека тоа е работен состанок на кој ќе разговараат за нејзината улога во новиот филм. Мажот ја однел во својот хотел, под изговор дека од неговата соба ќе ѝ повика со такси, но наместо тоа исчезнал во бањата, се вратил целосно гол и ја нападнал, изјави Шилдс.

    „Не се борев ниту се спротивставив толку многу… Се сеќавам само дека бев скаменет“а, се сеќава Шилдс. „Мислев дека моето едно ‘не’ е доволно. И притоа цело време самата себе си велев – остани жива и излези надвор.“

    Актерката се присетила дека по инцидентот му се јавила на својот пријател и шеф на обезбедувањето Гевин де Бекер, кој ѝ рекол: „Тоа е силување“. Но, таа одговори дека не сака да верува во тоа и досега јавно не проговорила за инцидентот.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img