More

    Амбер Херд сèуште не му дава мир на својот поранешен сопруг Џони Деп

    spot_img

    Амбер Херд (36) сèуште не му дава мир на својот поранешен сопруг Џони Деп (59), а овој пат, како што тврдат нејзините адвокати, во незапечатените судски документи пишува дека актерот боледува од еректилна дисфункција, поради што и сексуално ја нападнал.

    – Иако г-дин Деп би сакал да не ја открие својата состојба на еректилна дисфункција, таквата состојба е апсолутно релевантна за сексуалното насилство, вклучувајќи го гневот на г-дин Деп и употребата на шише со кое ја силувал Херд – се наведува во поднесокот од 28 март, како што објави „Дејли мејл“.

    Според адвокатот на Амбер Херд, еректилната дисфункција лесно може да доведе до состојба на лутина и агресија, а токму поради неа дошло до насилното однесување на Деп, а на крајот и до силување.

    – Го нареков лут секс кој Џони не можеше во потполност да го изведе. Неколкупати ме фрлаше на креветот. Некогаш бесно се нафрлаше на мене – рекла Амбер и додала дека нејзиниот поранешен сопруг многу време поминувал со пријателите со кои пиел.

    Меѓу нив беа и нејзиниот татко Дејвид Херд и музичарот Мерлин Менсон.

    Според актерката, по ваквите излегувања тој често доаѓал дома пијан и се однесувал како насилник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img