More

    Алијанса продолжува како опозиција

    spot_img

    Алијанса за Албанците продолжува да дејствува како опозиција. Во партијата не е разговарано за можно влегување во Влада, ако било што се добие како понуда, мора органите на партијата да расправаат и да го разгледаат. Сѐ додека нема такво нешто, чисто е шпекулација, рече денеска на прес-конференција во Собранието, пратеникот од Алијанса за Албанците Сурија Рашиди.

    Прашан дали АА би влегле во Владата, Рашиди рече дека тој такви информации нема и тоа што може да го каже во овој момент е дека тоа се само шпекулации.

    – Алијанса за Албанците продолжува да дејствува како опозиција. Во моментот сме ангажирани на структурирање на партијата секаде каде што живеат наши гласачи. Тоа е најбитно засега -изјави Рашиди.

    Тој на прес-конференцијата обвини дека „вицепремиерот Артан Груби и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми го дале тендерот за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10 на Конзорциумот ИГХ од Загреб, во сопственост на руски олигарси блиски до Владимир Путин и руската ФСБ, но договорот за среќа пропаднал бидејќи Институтот ИГХ не ја депонирал навреме банкарската гаранција предвидено во договорот“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img