More

    Активно се одвива реставрацијата на река Сатеска за пренасочување во нејзиното природно речно корито

    spot_img
    Еден од позначајните проекти кој е во тек на имплементација на територијата на општина Дебрца и воопшто во Охридскиот регион, заштитен од УНЕСКО е “Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито.”
    ➡️Со проектот се предвидува реставрирање на природното речно корито на река Сатеска со цел да се пренасочи најчесто повторуваниот протек од 15 m3 /s во нејзиното природно корито, што се влева во река Црн Дрим и заштита и намалување на таложењето на наносот во речното корито, со предвидување на антиерозивни мерки и таложник за собирање на наносот.
    ➡️Во оваа фаза се реализираат следните проектни активности:
    👉враќање на меандрираното корито во граници на реката, продлабочување на коритото (вадење на наносот), чистење од отпад, чистење од дрвја и грмушки, оформување на оштетените насипи на потегот од разделната градба кај село Волино до границата помеѓу општина Дебрца и општина Струга, во должина од 3.382 м;
    👉низводно од разделната градба кај село Волино- во насока на природното корито на река Сатеска, предвиден е простор за таложење на нанос, со активен волумен на таложење од 11 640 m3 , наменет за зафаќање на количините на нанос што би се транспортирале со реката Сатеска;
    👉разделната градба / браната / , како армирано бетонска конструкција се задржува со 4 отвори. Во отворите се сместени ниши со челични профили во кои се поставени дрвени греди. Дрвените греди ќе бидат заменети со регулациони табласти затварачи,кои ќе бидат со автоматско отварање, затварање и регулирање на протокот;
    👉изведба на стабилизациони и каскадни прагови.
    💁‍♂️Проектот се имплементира преку Програмата за развој на Обединетите Нации ( УНДП ) и Министерството за животна средина и просторно планирање, урбанистичко планската документација ја донесе општина Дебрца, средствата се обезбедени од Фондот за адаптација во рамките на регионалниот проект за и прекугранично управување со ризици од поплави во сливот на река Дрим, изведувач на работите е “Маркоски К 73 “ ДООЕЛ Струга, а според договорот работите треба да завршат до месец Март 2023 година.
    За потсетување, решавањето на проблемот со река Сатеска е нотиран во 19-те препораки на Реактивната мисија на УНЕСКО за Охридскиот регион.
    Од тие причини, преземањето на конкретни активности, макар за почеток и парцијални за решавање на проблемот со река Сатеска е чекор напред во исполнувањето на препораките за зачувување на заштитениот статус на Охридскиот регион.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img