More

    Ако не ги добијат од март најавуваат штрајк, протест или бојкот на наставата

    spot_img

    Наставничкиот пленум бара зголемувањето на платите за вработените во образованието од 7 отсто, кое е предвидено со годинашниот Буџет, согласно со колективниот договор и поврзано со покачувањето на минималната плата, да се пресметува и реализира од 1 март 2022.

    Во барање до ресорниот министер Јетон Шаќири, Пленумот наведува дека просветните работници се незадоволни и се чувствуваат дискриминирани во однос на другите вработени во јавниот сектор поради тоа што секторот образование е изземен од исплатата на регресот (К-15).

    Бараат и организиран превоз, месечен билет за јавен превоз или месечен надомест за патни трошоци за просветните работници што патуваат на работа во рурални средини или од една во друга општина, како и надомест за одделенските наставници кои работеа дополнителни часови со учениците за време на онлајн-наставата во периодот на пандемијата во учебната 2021 година.

    – Ако нашите барања не бидат земени предвид, ние, наставниците на Наставнички пленум, предвидуваме бојкот на наставата, штрајк или протести и ги повикуваме да ни се придружат сите синдикати од секторот образование и сите граѓански образовни здруженија, како и здруженијата на родителите, се наведува во барањето до министeрот Шаќири.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img