More

    Академскиот синдикат го поддржа штрајкот на СОНК

    spot_img

    Независниот академски синдикат (НАкС) го поддржува штрајкот на нашите колеги, просветни работници, коишто се вклучени во воспитно-образовните процеси на децата од предучилишна возраст, во основното и во средното образование.

    „Сметаме дека барањето на Самостојниот синдикат на образованието, науката и културата за усогласување на платите согласно зголемувањето на минималната плата е апсолутно неопходно со цел остварување на правата гарантирани со закон и со колективните договори. Потсетуваме дека иако НАкС го поздрави покачувањето на минималната плата, со што се подобри положбата на вработените со најниски примања, баравме соодветно зголемување и на платите на останатите вработени. Зголемувањето на платите за сите вработени, вклучително и за вработените во високото образование и науката е нужно со цел да се избегне воедначување на надоместокот што го добиваат вработените што вршат работа со различна сложеност или различен степен на образование“, велат од НАкС.

    Од синдикатот кој ги застапува интересите на академските работници, бараат од надлежното минстерство да покаже конструктивност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img