More

    Азески и Чадеж бараат работни дозволи кои ќе важат за регионот

    spot_img

    Отстранување на сите бариери за водење бизнис во регионот, како и меѓусебно признавање на дипломите, звањата и сертификатите, подобра инфраструктура и брзо преминување на границите ќе обезбедат поголема конкурентност на регионот, е заклучокот по денешната средба во компанијата „Костал“ во Охрид на претседателите на стопанските комори на Северна Македонија и на Србија Бранко Азески и Марко Чадеж во рамки на Коморскиот инвестициски форум.

    – Многу е важно да немаме пречки и тоа всушност е она што ја чини економската соработка во регионот. Одамна предлагаме да се признаваат квалификациите и да постојат заеднички работни дозволи во целиот регион. Така ќе има и многу стручњаци, тие слободно ќе можат да работат низ регионот – рече Чадеж.

    Коморскиот инвестициски форум, според Азески, е единствена институција која ги обединува интересите на приватниот капитал на Западен Балкан и има значајна улога во работењето на економиите.

    – За нас е битно ова, бидејќи претставувањето на привантиот сектор за нас е многу значајна работа во однос на политиките што ги води јавниот сектор. Кај нас на Балканот политиката секогаш се наметнува над бизнисот и тоа не става пред нови предизвици. Прв пат гледаме една друга приказна која се ободува да ја сврти позицијата на јавниот и приватниот сектор како на Запад. Тоа значи приватниот да стане доминантен во отворањето нови работни места. Работиме целосно на тој план – рече Азески.

    За генералниот менаџер на компоанијата „Костал Македонија“ Виктор Мизо, важно е да се зголеми соработката со локални, однсоно регионални добавувачи и да ги подигнат нивните знаење.

    – Секоја земја индивидуално е премногу мала да се концентрираме само на една. Ние сме една од ретките компании, која има и тим за соработка со локални добавувачи и подобување на нивните знаења можности и квлаификации. Веќе имаме од Босна и Херцеговина и Србија, планираме да ја прошируваме соработката и со други компании од Западен Балкан, а веќе работиме и со фирми од Хрватска, Словенија и Бугарија. Место да увезуваме работна сила тоа го правиме од регионот, но квалификуваме локални компании кои стануваат многу поконкурентни – истакна Мизо.

    Соработката во регионот, нагласи тој, подобрувањето на инфратруктурата и едукативниот систем, како и брзото преминување на границите ќе обезбеди поголема конкурентност на регионот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img