More

    Адел и Рич Пол уживаат на италијанскиот брег

    spot_img
    Британската пејачка Адел летува на италијанското крајбрежје, придружувана од нејзиниот наводен вереник, спортскиот агент Рич Пол. Италија и оваа година е популарна меѓу холивудските ѕвезди. Додека Анџелина Џоли, Мет Дејмон, Шарлиз Терон и многу други ги истражуваат знаменитостите на Рим, Адел и Рич Пол уживаат во морските радости на Сардинија. Папараците го следат парот на секој чекор – фатени се на јахта додека се дружат со пријателите, како и на прошетка низ популарното приморско одморалиште на италијанските познати личности во Порто Черво. 34-годишната добитничка на музичката награда Греми е и голем љубител на модата, која ја покажа на Сардинија со елегантни, но лежерни креации. Облекла задолжително парче од летото – шарен кафтан, а годинава избрала и модерни панталони со висок струк и црн топ. Изгледот го комплетираше со минимална шминка и модни додатоци како алки и очила за сонце. Се издвојува и прстенот на левата рака на пејачката, кој според многумина е веренички прстен, кој пејачката се уште не го потврдила. Токму Адел ги поттикна гласините за свршувачката оваа година на доделувањето на музичките награди „Брит“, кога на раката блесна голем дијамантски прстен.
    Не се знае точно кога пејачката се впушти во романтична врска со спортскиот агент на НБА ѕвезди како Леброн Џејмс. Се шпекулира дека се во врска од средината на 2021. Двојката живее заедно во Лос Анџелес во Беверли Хилс, а пејачката во мај на Инстаграм објави фотографии од нивниот итен нов дом. „Времето лета“, коментираше таа на објавата во тоа време. Адел и Рич Пол размислуваат и за проширување на семејството, што и јавно го кажаа. „Дефинитивно сакам уште неколку деца. Би било прекрасно“, изјави Адел за емисијата на Би-Би-Си.
    Во март 2021 година, пејачката официјално се разведе од сопругот, британскиот бизнисмен Сајмон Конецки, со кој беше во брак четири години и со кого го има деветгодишниот син Анџело.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img