Градски вести
Улицата ЛАЗО ТРПОСКИ во Охрид претворена во депонија и паркинг зона
Сабота, 18 Мај 2013 09:42

Доколку се движите по улицата Лазо Трпоски во Охрид , возете внимателно. Покрај донесениот едносмерен начин на двжејне ,кој минатата година е воспоставен , ве чекаат и прекопи низ улицата кој не се санирани , т.е. истите се потенцијална опасност како за учесниците во сообраќајот ,

 
Доделена наградата на најдобриот полицаец во СВР,-Охрид а доделени посебни признанија и благодарници за посебен придонес
Среда, 08 Мај 2013 12:08

Милисав Вељовски е најдобриот полицаец во СВР Охрид. Тој денес на пригодна свеченост во кабинетот на градоначалникот Никола Бакрачески ја прими пригодната награда ТВ приемник што ја обезбедува локалната самоуправа.

Последно освежено на Среда, 08 Мај 2013 12:35
 
Поднесени кривични пријави за учесниците во тепачката на пешачката патека према Горица
Среда, 08 Мај 2013 11:47

Секторот за внатрешни работи Охрид, против А.А.(22) од Охрид поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Тешка телесна повреда“. Со кривичната пријава, опфатени се и Н.Б. (23) Д.Н. (22) Ѓ.Б. (20) и А.Л. (25) сите од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Учество во тепачка“. Нив, истражен судија при основниот суд во Охрид им одреди мерка притвор во траење до 30 дена

Последно освежено на Среда, 08 Мај 2013 12:34
 
ПОЧИВАЈ ВО МИР ГОЛЕМ ЧОВЕКУ Д-Р ИЛИЈА ПРАНГОСКИ
Среда, 08 Мај 2013 11:35

Големите луѓе заминуваат на големи денови, Д-р Илија Прангоски не напушти сите тивко во неговиот дом на големиот ден Велигден.

 
ВИДЕО : Охридските нуркачи со кршкање со јајца под вода денеска го честитаа Велигден на сите православни верници.
Недела, 05 Мај 2013 13:32

Охридските нуркачи ако се познати по тоа што секоја година за Нова година китат елка  тие со кршкање со јајца под вода деенска го честитаа Велигден на сите православни верници.

Во аоваа кција учествуваа нуркачи од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид и од Клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид.

 Видеото е на  Јован Секулоски објавено на на Јутјуб.

 

 

">http://www.youtube.lHhBkuQ0yb8

 

И.Ч.А

 
ФОТО - ВИДЕО : НА ГРАДСКИ ПЛОШТАД ВО ОХРИД СВЕЧЕНА ПРОМОЦИЈА НА ПАНОРАМСКИОТ АВТОБУС
Петок, 03 Мај 2013 15:59

Денес во 12 часот на кружниот тек кај градскиот плоштад  на свечен начин  се изврши промоција на двокатниот панорамски автобус.

 

Панорамски автобус е произведен минатата година. Има капацитет од 60 места за седење и за 20 за стоење, како и електична рампа за полесен пристап на инвалидизираните лица. Модерните туристички метрополи од подамна имаат вакви автобуси кои служат за панорамско разгледување на природните убавини и културно-историските обележја.

1.1.jpg

На промоцијата  покрај присутните граѓани присуствуваа Градоначалникот Д-р Никола Бакрачески пратеникот Хари Шокаровски секретарот М-р Димитар Спасески.

На првото возење од плоштадот до Св. Стефан и назад се возеше градоначалникот Никола Бакрачески, новинари и други претставници од локаланта власт.

.Ваквата донација на влдата на Р.Македонија за Охрид како туристички центар е од големо значение , и секако дека истиот ќе ја збогати туристичката понуда на Охрид .

 

 

&feature=share&list=UUCRlpcen0o3z0I-rFUwc49g">http://www.youtube.nNeKSvMOzo

  И.Арсеноски

Последно освежено на Сабота, 04 Мај 2013 16:19
 
Градоначалникот Д-р никола Бакрачевски додели чек за првото новороденче во новата болница
Вторник, 30 Април 2013 12:24

Градоначалникот на Охрид, Д-р  Никола Бакрачески утрово ја посети ЈЗО Општа Болница- Охрид и мајката на првото новооденче во Охрид по подолго време  Г-ѓа  Марија Арнаудова , мајка на новороденчето Мила Арнаудова,каде  во име на градот и додели чек во износ од 6 000 денари.

 
Охридската Капетанија извести - Шестте бродови кои можат да опслужат помеѓу 80 и 150 патници се безбедни за пловидба
Вторник, 30 Април 2013 10:41

 Шестте бродови кои можат да опслужат помеѓу 80 и 150 патници се безбедни за пловидба известија од Охридската Капетанија.

  По неодамна спроведената техничка контрола од страна на експертите на бродски регистар „Биро Веритас“, овластена да ја контролира исправноста на бродовите што пловат по Езерото, при што е утврдено дека не се регистрирани недостатоци, односно дека ситуацијата е редовна, констатирано е дека пловните објекти се подготвени за престојната туристичка сезона.

И.А

 
Во болницата во Охрид по две и пол години повторно се роди бебе
Понеделник, 29 Април 2013 15:56

 

По долги две ипол години се роди бебе во Охрид, откако новото гинеколошко одделение во охридската болница беше пуштено во употреба.
Охриѓанката Марија Арнаудова утрово со царски рез роди здраво женско бебе кое ќе го носи името Мила.


- Супер се чувствувам, воодушевена, еуфорична. Поминав лесно благодарение на супер тимот кој се погрижи се да помине како што треба. Болницата прекрасно е направена по високи стандарди“, изјави мајката Марија за Охридњуз.
Породувањето го изврши доктор Ѓоко Танески, кој исто така изрази задоволство од условите за работа во новото гинеколошко одделение.
- Ние денес сме среќни како и пациентите бидејќи со работа почна новото гинеколошко одделение при општата болница. Првото новороденче се роди со царски рез, тешко е 3,990 кг. и долго 52 сантиметри. Бебето е во добра состојба, а исто така и мајката - објасни доктор Танески.
Тој истакна дека условите за работа во новото болничко крило ги задоволуваат највисоките здравствени стандарди. Голем дел од потребната медицинска опрема е инсталирана, а останува уште еден помал дел да биде вграден во новите простории.

 
Од Сузуки МТ за ден Велигден најавуваат бесплатен паркинг
Понеделник, 29 Април 2013 12:26

 

По повод големиот христијански празник Велигден од концесионерот на паркинг просторот во Охрид  фирмата Сузуки МТ  информираат  дека на ден Велигден  паркинг просторот во Охрид  ќе биде слободен што значи дека истиот  нема да се наплаќа.

И.А

 


Страница 1 од 93