Balkans

Гласаше спикерот на албанскиот Парламент

Со исклучок на неколку сѐ уште неотворени избрачки места и мирен протестен марш на приврзаниците на опозицијата во Тирана, почетокот на изборниот ден во Албанија минува мирно, со ниска излезност.

Прв од државниот врв граѓанското право го оствари спикерот на албанскот парламент Грамоз Ручи.

– Како што видовте, гласав и избрав. Во трката има 30 политички субјекти, а за градоначалик на Тирана двајца кандидати.. Би било подобро да има повеќе политички субјекти и кандидати. Денеска не е денот да се анализира ова прашање, туку да апелираме за смиреност, одмереност и одлучност, рече Ручи.

Од понеделникот, тој повика на рефлектирање и анализа, како за опозицијата која избра да ги бојкотира изборите, така и за мнозинството.

– Утре ќе биде нормален ден. Но, не завршува со тоа. Ќе продолжиме со напорите на албанската политика од понеделник, двете страни и опозицијата и владејачкото мнозинство да направат анализа, додаде тој.

Запрашан дали постои ризик да се етикетираат како монистички избори, Ручи рече: Нема маж роден од мајка кој може да воспостави диктатура во Албанија.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тачи: Србија изврши геноцид во Косово

saso user