More

    Среќа во Бретања – грбав кит заглавен во реката го најде патот до морето

    spot_img

    Грбав кит заглавен од четвртокот на устието на река во Бретања, во западна Франција, успеа да го најде патот назад до морето, соопшти тамошното здружение одговорно за спасување животни.

    Кит од седум до десет метри успеал да ја помине браната која го спречува да се врати во морето.

    „Го нема, го нема“, радосно извикаа спасувачите и неколку десетици набљудувачи на браната на електраната во Ранс, гледајќи го китот во океанот.

    Китот се заглавил во четвртокот наутро. Влегол во реката бидејќи главната брана на централата била отворена. Тој се борел повторно да се врати на отворено море и покрај интервенцијата на спасувачите и повторното отворање на капијата.

    Огромниот цицач, благодарение на плимата и осеката што паѓаше и сите отворени брани, успеа да помине една од нив и да се врати во својот океан.

    Претставниците на електраната рекоа дека се случува некои делфини долги два до три метри да залутат, но не и китови.

    Спасувачите рекоа дека малку дознале за китот, само што е долг седум до десет метри и дека се работи за младо животно. Не открија дали се работи за женка или мажјак и како китот завршил на тоа место.

    Според нив, нема ништо необично во грбавите китови кои кружат по Ла Манш, иако тие обично ја заобиколуваат областа поради густиот поморски сообраќај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img