More

    Бил Гејтс ужива во својата нова љубовна врска

    spot_img

    Еден од најбогатите луѓе на светот повторно се вљубил две години по неговиот развод, изјавиле добро упатени извори за странските медиуми.

    Основачот на Мајкрософт, 67-годишниот Бил Гејтс, веќе една година е во врска со 60-годишната Пола Херд, инаку вдовица на директорот на технолошката компанија Оракл, покојниот Марк Херд. Така вели добро информиран извор за Дејли Мејл, инаку заеднички пријател на двојката. Парот се уште официјално не ја потврдил оваа вест, но досега неколку пати биле забележани заедно во јавноста и фотографирани на спортски настани.Извор близок до нив додава дека тие се неразделни, а таа секогаш е претставена како мистериозна жена. „За нивните пријатели не е тајна дека се во романтична врска“, тврди изворот. Инаку, Пола порано работеше како шеф на технолошкиот оддел, но сега се занимава со организација на настани и добротворни цели. Таа има две ќерки со нејзиниот покоен сопруг Марк, кој почина од рак во 2019 година. Во моментот на неговата смрт, имотот на Марко бил проценет на 470 милиони евра. Тој беше пет години на чело на Хјулит-Пакард, но ја напушти таа функција откако изби скандалот со сексуално вознемирување во 2010 година. Подоцна почнал да работи во Oracle.

    Инаку, Бил и Пола се видени неколку пати на различни настани, последен пат тоа се случи во јануари годинава, кога дојдоа на тенискиот турнир Австралија опен. Очевидци ги виделе како заедно шетаат низ Мелбурн. Во август 2021 година, Бил Гејтс се разведе од Мелинда Гејтс, со која имаат три деца, по 27 години брак. Тие тогаш и соопштија на јавноста дека решиле да се разведат по темелно размислување и дека и покрај разводот, сепак ќе учествуваат во управувањето со нивната фондација.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img