More

    Руските сили ја вратија иницијативата во Украина и ја започнаа својата следна голема офанзива во Луганската област

    spot_img

    Руските сили ја вратија иницијативата во Украина и ја започнаа својата следна голема офанзива во Луганската област, јавува Институтот за истражување на војната ИСВ во својот нов извештај. Според ИСВ, зголемено е темпото на операциите во западниот дел од Луганск, долж Сватове-Кремина и на границата со регионот Харков. Русите напредуваат во Северск и Бахмут, со што сакаат да отворат пат кон Славјанск и Краматорск.

    „Посветеноста на значајните елементи на најмалку три главни руски дивизии на офанзивните операции во овој сектор покажува дека руската офанзива започнала, дури и ако украинските сили досега ги спречуваат руските сили да обезбедат значителни придобивки. Руската офанзива веројатно сè уште не го достигнала своето целосно темпо“, се вели во анализата.

    Командата на Народната милиција на Народната Република Донецк (ДНР), наводно, ја презела контролата над рускиот артилериски баталјон. Русија пробува да ги подготви сепаратистите на ДНР за нивната поголем задача да го обезбедуваат Луганск.

    Според ИСВ, тешко ќе оди интегрирањето на сепаратисти од ДНР и од ЛНР во руската армија.

    Русија се подготвува за голема офанзива, а некои велат дека таа ќе се случи на годишнината од почетокот на војната, на 24 февруари.

    Руските власти продолжуваат да предлагаат мерки за подготовка на руската воена индустрија за долготрајна војна во Украина. Тие исто така, најверојатно поставуваат дополнителни услови за избегнување санкции. Рускиот премиер Михаил Мишустин на 8 февруари изјави дека руската влада ќе субвенционира инвестициски проекти за модернизација на претпријатијата кои работат во интерес на руската војска и ќе одвои значителни средства за производство на нова воена опрема.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img