More

    Трагедија: Голманот загина, дефанзивецот се спаси скокајќи од тераса

    spot_img

    Катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија досега однесе повеќе од четири илјади животи, а меѓу жртвите има и фудбалери.

    Затрупан под урнатините загина Ахмет Ејуп Туркаслан, голманот на Јени Малатијаспор, а за среќа слична судбина успеа да избегне и неговиот соиграч, 33-годишниот дефанзивец Барис Басдас.

    Турчинот со германско потекло, кој игра во Турција од 2009 година по само една година во Хановер, инстинктивно реагираше кога почна земјотресот. Тој скокнал од балконот на вториот кат од зградата во која живее. Убеден дека го избрал помалото од двете зла, тешко ја повредил ногата скокајќи од голема височина. За среќа успеал да преживее.

    Шокантно звучи изјавата која вчера во текот на денот за турските медиуми ја даде Дамир Ибриќ, директор на Малатијаспор:

    Заработив вкрстени лигаменти, Барис сериозно ја повреди ногата, а сега го бараме Ејуп, еве сме во неговата зграда“.

    Во таа зграда, поточно нејзините остатоци, набрзо го пронашле безживотното тело на голманот. Басдас се спаси скокајќи од голема височина. Ирелевантно е што се повреди во тој процес, па веројатно кариерата му е завршена бидејќи спортот во Турција никој не го интересира.

    Првенствата во фудбал и кошарка се одложени до понатамошно известување, како и натпреварите во кошарката на Европското првенство што требаше да се одиграат во Турција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img