More

    Португалецот започна лавина: Поради него Манчестер Сити го чека жестока казна

    spot_img

    Веројатно името Руи Пинто не би значело многу за повеќето фудбалски фанатици, но тој е еден од најважните луѓе кој влијаел на сето она што се случува надвор од теренот во последните неколку години.

    Во 2015 година, португалски новинар, а подоцна и свиркач ја лансираше платформата Football Leaks, каде редовно се објавуваа тајни документи на клубови, здруженија и менаџерски компании.

    На крајот на 2016 година, Der Spiegel започна да ги објавува податоците на Football Leaks. Тие документи беа поврзани со откритијата за затајување данок на најпознатите личности во фудбалот како Кристијано Роналдо, Жозе Мурињо, сомнителни трансфери и трети лица и прекршување на финансиските правила од страна на одредени клубови и планови за формирање Супер лига.

    Преку Football Leaks, Пинто му дал над 60 милиони документи на Spiegel, во кои имало сомнителни мејлови од најголемите португалски клубови како Бенфика и Спортинг. Сето ова, меѓу другото, влијаело и на швајцарското обвинителство да покрене истрага против Џани Инфантино, претседателот на УЕФА. Исто така, откритијата на Пинто се значајни за процесот на покренување истрага на УЕФА против Манчестер Сити и ПСЖ за прекршување на финансискиот фер-плеј.

    Неговиот материјал беше основата на неуспешното гонење на УЕФА за случајот против Сити, кој во првичната пресуда резултираше со двегодишна европска забрана и парична казна од 30 милиони евра. Таа казна беше намалена на само десет милиони евра по жалба на Сити.

    Меѓутоа, во 2019 година, Пинто беше уапсен во Унгарија и екстрадиран во Португалија, каде што беше обвинет за 147 кривични дела, вклучително и обид за изнуда пари од маркетинг компанијата Doyen Sports, во чии системи Португалецот влезе во 2015 година, по што хакираше разни мејлови на приватни лица и компании во и надвор од светот на фудбалот.

    Сепак, документите што ги собра Португалецот станаа основа за истрагата на Премиер лигата за контроверзниот бизнис на Манчестер Сити, кој вчера ја разбранува светската спортска јавност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img