More

    Железничкиот сообраќај во близина на брегот во јужните региони на Италија беше запрен на еден час во текот на утрото

    spot_img

    Железничкиот сообраќај во близина на брегот во јужните региони на Италија беше запрен на еден час во текот на утрото, јавуваат италијанските медиуми.

    Италијанската влада објави предупредување за опасност од цунами во јужниот дел на земјата, како последица на земјотресот во Турција – соопштија службите за цивилна заштита на земјата, јавува Би-би-си.

    Службите во текот на ноќта ги повикаа луѓето да се држат подалеку од крајбрежните области, бидејќи постои ризик од бранови цунами по разорниот земјотрес во Турција.

    Железничкиот сообраќај во близина на брегот во јужните региони на Италија беше запрен на еден час во текот на утрото, но оттогаш е обновен, јавуваат медиумите во регионот.

    Повеќе од 300 луѓе загинаа во Сирија и Турција во силниот земјотрес во близина на јужниот турски град Газиантеп рано утринава. Бројот на повредени достигна 639, а се очекува бројот на загинати да зголемува.

    Има најмалку 20 загинати во северозападната сириска провинција Идлиб, контролирана од бунтовниците. Многу од зградите во областите кои беа погодени од земјотресот претрпеа оштетувања за време на конфликтот што избувна пред речиси 12 години во Сирија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img