More

    Принцот и актерот добро се забавувале

    spot_img

    При гостувањето во „Доцно шоу со Стивен Колберт“, принцот Хари уште еднаш ја испровоцира британската јавност исмевајќи го кралското семејство и нивните обичаи.

    Со цел да ги промовира своите мемоари „Резерва“, принцот Хари даде уште едно во низата интервјуа, а ниту овој пат не недостигаа контроверзии, бидејќи Хари реши да изведе мал перформанс во кој ја исмеја кралската традиција. Тој не беше сам во исмејувањето на монархијата, бидејќи набрзо му се придружи и познатиот холивудски актер Том Хенкс.

    Сѐ се случи во студиото на „Си-би-ес“, каде принцот Хари учествуваше во „Доцното шоу“ со водителот Стивен Колберт, а спорниот момент се случи на самиот почеток на емисијата, кога влезот на војводата од Сасекс беше придружен со црвен тепих и кралски труби.

    „Еј, еј, застани, застани. Стивен, ти благодарам, но тоа не е потребно“, рекол Хари со потсмев.

    „Што зборуваш? Ова не е за тебе! Тргни се од патот, тој доаѓа!” Колбер му одговорил и го повикал Том Хенкс кој се придружил на скечот.

    „Се вратив, каде е мојот дочек?“, рекол Том Хенкс, на што принцот почнал да фрла ливчиња од роза пред него.

    Да потсетиме, цел свет со денови зборува за британскиот принц Хари, кој започна нова битка против кралското семејство со мемоари во кои го напаѓа својот брат Вилијам, идниот британски крал и не го штеди Чарлс Трети, Кејт Мидлтонили неговата маќеа Камила Паркер-Боулс.

    Хари, за да ја промовира својата книга, претходно даде три интервјуа во кои откри повеќе шокантни детали за неговото потесно семејство. Обожавателите на кралското семејство и голем дел од Британците се прашуваат дали сѐ е во ред со него, зошто отворил оган кон својот брат Вилијам и како наеднаш исчезнале најголемите обвинувања што тој и неговата сопруга ги упатиле во интервјуто со Опра Винфри.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img