More

    Иранските власти уапсија една од најпознатите актерки во земјата, откако таа изрази солидарност со антивладините демонстранти

    spot_img

    Иранските власти уапсија една од најпознатите актерки во земјата, откако таа изрази солидарност со антивладините демонстранти.

    Таранех Алидости беше приведенa под обвинение за „ширење невистини“ за протестното движење што ја зафати земјата, соопштија државните медиуми.

    Во објава на Инстаграм минатата недела, таа ја осуди егзекуцијата на млад човек поради неговата вмешаност во протестите.

    Алидости е најпозната по нејзината улога во филмот награден со Оскар „Продавачот“.

    Во својата објава, 38-годишната жена ги нападна некои меѓународни организации затоа што не се изјаснија против егзекуцијата на Мохсен Шекари.

    Тој беше обесен од властите откако го обвинија дека е „бунтовник“ кој го блокираше главниот пат во Техеран во септември и рани припадник на паравоени сили со мачета.

    – Неговото име беше Мохсен Шекари. Секоја меѓународна организација која го гледа ова крвопролевање и не презема ништо, е срам за човештвото – напиша таа.

    Според објавата на сметката Телеграм на државната новинска агенција ИРНА, таа била уапсена од полицијата затоа што не обезбедила „никаков документ во согласност со нејзините тврдења“.

    Неодамна беше отстранет нејзиниот профил на Инстаграм, кој има повеќе од осум милиони следбеници.

    Од избувнувањето на протестното движење, таа стана гласен критичар на обидите на иранската влада да ги запре немирите ширум земјата, предизвикани од смртта на Махса Амини во полициски притвор во септември.

    Во ноември, таа го привлече вниманието откако објави слика на Инстаграм без шамија за да сигнализира солидарност со демонстрациите.

    Протестното движење стана еден од најсериозните предизвици за иранскиот режим откако дојде на власт во револуцијата во 1979 година.

    Властите веќе егзекутираа двајца мажи откако беа прогласени за виновни за „мохаребе“ – грубо преведено како „непријателство против Бога“. Според иранскиот закон, кривичното дело е дефинирано како „создавање јавна несигурност“ со закана по живот или имот со оружје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img