More

    Лажните дизајнерски парфеми што се продаваат на улица и во пабови содржеле цијанид и човечка урина

    spot_img

    Лажните дизајнерски парфеми што се продаваат на улица и во пабови содржеле цијанид и човечка урина, соопшти полицијата. Предупредувањето доаѓа откако полицајците заплениле лажни производи за убавина во вредност од 68.000 евра – со етикети на брендови.

    Полицијата единица „City of London police“ во вторникот изврши рација во две комерцијални простории во Читам Хил, Манчестер. Тие откриле 400 шишиња парфем меѓу седум тони фалсификувана облека, додатоци и безжични слушалки.

    Детективот Метју Хаси, од Одредот за криминал, рече: „Иако лажните парфеми може да изгледаат речиси идентични со нивните оригинални парфеми, лабораториските тестови на примероците покажаа дека овие фалсификати содржат токсични хемикалии, вклучувајќи цијанид, па дури и човечка урина. Сето ова може да предизвика алергиски реакции, како што се иритација на кожата, оток, осип и изгореници“.

    Полицијата вели дека лажната козметика, вклучувајќи маскара и сјај за усни, содржела токсични нивоа на арсен, жива и олово.

    Во јули, тројца тинејџери беа уапсени откако се обиделе да продадат лажни шишиња со парфеми со урина во центарот на градот Саутемптон.

    На фотографијата што ја споделија полицајци на Фејсбук се гледаат лажни шишиња „Шанел бр. 5“, „Бос“ од Хуго Бос и „Дејзи“ од Марк Џејкобс.

    Портпаролот на полицијата потврди: „За време на тестирањето, беше потврдено дека парфемите се лажни. Меѓу средствата содржани во смесата, урината се користеше како стабилизирачки агенс“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img