More

    Една жена од Велика Британија починала од повредите со кои се здобила во стампедо на концерт на Академијата Брикстон

    spot_img

    Една жена од Велика Британија починала од повредите со кои се здобила во стампедо на концерт на Академијата Брикстон. Ребека Икумело (33) од Њухам починала утринава, додека уште две повредени жени на возраст од 21 и 23 години и понатаму се во критична состојба, соопшти Метрополитен полицијата.

    Осум лица се пренесени во болница со повреди по инцидентот во јужен Лондон во четвртокот вечерта. Полицијата извести дека интервенирала по извештаите за „голем број луѓе кои се обидувале насилно да влезат во концертот“, каде што настапувал уметникот Афробит Асаке.

    Нигерискиот музичар бил принуден да престане по три песни и изјави дека „срцето му е со повредените“. По смртта, Икумело Асаке објави порака на Инстаграм во која вели дека е „уништен од веста“ и дека разговарал со семејството на жртвата. „Ме обзема тага и никогаш не можев да замислам дека вакво нешто ќе се случи“, напиша тој.

    Полицијата соопшти дека спроведува истрага, која вклучува прегледување на „огромно“ количество снимки на социјалните мрежи, како и на полициските камери.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img