More

    Истражувачите велат дека успешно го завршиле тестирањето на персонализирана вакцина против рак, која ја користи истата мРНК-технологија како некои вакцини против ковид-19

    spot_img

    Истражувачите велат дека успешно го завршиле тестирањето на персонализирана вакцина против рак, која ја користи истата мРНК-технологија како некои вакцини против ковид-19.

    Експерименталната вакцина, направена од Moderna и MSD, е дизајнирана да го поттикне имунолошкиот систем да бара и да уништува канцерогени клетки.

    Лекарите се надеваат дека ваквата работа може да доведе до револуционерни нови начини за борба против рак на кожата, на дебелото црево и други видови на рак.

    Други фармацевтски компании бараат да спроведат слични студии.

    Но, ова е прво рандомизирано клиничко испитување за тестирање на испитуваната mRNA вакцина кај пациенти.

    Може ли технологијата на вакцината против Ковид да го уништи ракот?

    Пациентите кои земале Keytruda за напреден меланом имале помала веројатност да умрат или ракот на кожата повторно да им се појави, ако исто така имале добиено и вакцина, mRNA-4157/V940, велат од Moderna и MSD.

    Наодите, кај 157 пациенти, сè уште не се испитани од независни експерти или регулатори.

    Ќе бидат потребни повеќе испитувања за да се провери колку може да биде ефикасен третманот.

    Главниот медицински директор на Модерна, Пол Бартон, изјавил дека е ова значајно откритие. „Тоа е прво рандомизирано тестирање на терапевтска мРНК кај пациенти со рак. Се покажа дека шансите за смрт на пациенти со напреден облик на рак и враќање на ракот по излекувањето се намалени за 44 отсто. Тоа е важно откритие и мислам дека има потенцијал да биде нова парадигма во третманот на пациентите со рак“.

    Вакцината е скапа за произведување бидејќи се произведува специјално за секој пациент, но од компаниите не откриле колку би чинела таа.

    Експерименталната вакцина, направена од фармацевтските компании „Модерна“ и МСД, функционира така што го учи имунолошкиот систем да бара и да уништува канцерогени клетки. Докторите се надеваат дека достигнувањето ќе доведе до нови начини на борба против многу видови рак.

    Други фармацевтски компании планираат да спроведат слични истражувања, но ова е прво тестирање на ваква вакцина на пациенти.

    Резултатите од тестирањето покажале дека вакцината ги намалува шансите за смрт на пациенти со напреден облик на рак и враќање на ракот по излекувањето за 44 отсто.

    Тестирањето било спроведено на 157 пациенти, а допрва треба да биде оценето од независни експерти и регулаторни тела. Вакцината е скапа за произведување бидејќи се произведува специјално за секој пациент, но од компаниите не откриле колку би чинела таа.

    Фото: Unsplash

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img