More

    Дали Бразилците ќе го менуваат дресот во чест на Пеле?

    spot_img

    Раководството на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) предложи три од петте ѕвезди на бразилските дресови да се заменат со симболи на срцето во чест на легендарниот Пеле.

    Легендарниот Бразилец, чие здравје во последните години се влоши, со националниот тим освои три светски шампионски титули во 1958, 1962 и 1970 година.

    Бразилците имаат пет ѕвездички исцртани на нивните дресови над грбот, откако ја освоија титулата светски шампион во 1994 и 2002 година.

    Пеле ја одбележа историјата на бразилскиот фудбал со три титули, а Нејмар се израмни со него на врвот на листата на стрелци на првенството во Катар. Двајцата постигнаа по 77 гола.

    Сепак, Бразилците годинава нема да стигнат до шестата ѕвезда бидејќи во четвртфиналето беа поразени од Хрватите по изведување пенали.

    Настапот на Селекао на Светското првенство доаѓа во време кога 82-годишниот Пеле е во болница во родното Сао Паоло, а бразилските медиуми пишуваат дека неговата здравствена состојба полека се подобрува.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img