More

    Вучиќ не сака Курти да се меша во работата на КФОР, Борел повика на смиреност

    spot_img

    Србија бара ослободување на сите уапсени Срби од северот на Косово, а во исто време бара начини за намалување на тензиите во таа област, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за Ројтерс. Тој истакна дека „косовската полиција нема што да прави на север…, особено вооружените луѓе до заби“. Тој додаде дека тоа создава непријатност и страв кај српското население.

    По состанокот на Советот за национална безбедност, Вучиќ рече дека косовските Срби не смеат да учествуваат во насилството врз војниците на НАТО и членовите на мисијата на ЕУ на Косово.

    – Никој, под никакви околности, не треба да биде вклучен во нападите… врз ЕУЛЕКС и КФОР – изјави Вучиќ за Ројтерс .

    Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ денеска изјави дека се надева оти ќе има „доволна интелигенција и одлучност” во КФОР и ЕУЛЕКС да не дозволат насилно отстранување на барикадите на Косово, јавува МИА.

    – Ние сме подготвени (Србија да испрати барање до КФОР за враќање на безбедносните сили на Косово) и Владата ќе одлучи за тоа во текот на неделата. Тоа (испраќањето на барањето) не ни падна на памет од очај, туку поради правните обрасци од Резолуцијата 1244, бидејќи очигледно нема доволно безбедносни капацитети – изјави министерот за белградски медиуми.

    Тој рече дека Србија ќе се обиде да направи сè што може за да го зачува мирот и дека ќе бара политички договор, но дека за тоа е потребна волја од двете страни, односно и од Белград и од Приштина.

    Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел денеска изјави дека Косово и Србија мора да ја деескалираат тензичната ситуација во регионот.

    – Знам дека двата дела се подготвени за деескалација и силно ги повикувам да го сторат тоа. Тие мора да се вратат на дијалогот, мора да ја надминат оваа тенденција за немири на улици – изјави Борел по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

    Пратеникот на Народната партија во Србија, Стефан Јовановиќ оцени дека владата во Белград сите овие денови ја покажува својата неспособност да го заштити народот на Косово и Метохија, јавува Н1.

    – Речиси владее воена атмосфера, ситуацијата на Косово и Метохија е многу сериозна, а Вучиќ ја злоупотребува ситуацијата за да ги прикрие другите проблеми во Србија, како што се економијата, инфлацијата и огромните задолжувања – рече Јовановиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img