More

    Министерот Спасовски придружувн од директорот на БЈБ Тасевски го псоетија повредениот полицаец за време на спасувачката потрага по алпинисти на Шар Планина

    spot_img

    Утрово, во комплекс клиниките Мајка Тереза, во Одделот за торакална хирургија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со раководството на МВР, го посети колегата, припадник на Единицата за брзо распоредување, кој се здоби со повреди за време на спасувачката потрага по алпинисти на Шар Планина што се случи минатата недела.

    Министерот Спасовски информираше дека станува збор за еден од поискусните колеги со 24 годишно искуство, старешина, командир на вод, кој доброволно се пријавил во спасувачката потрага да се спаси човечки живот.

    Министерот оддаде признание и почит до колегата, како и до сите кои учествуваа во спасувачката потрага – екипи на МВР од ЕБР и САЕ „Тигар”, СВР Тетово, кои со специјални теренски возила и со хеликоптер се упатија на посоченото место на Шар Планина каде што извршија прифаќање и извлекување на колегата и алпинистите.

    Инаку, во текот на минатата недела се случи несреќа на Шар Планина кога двајца планинари паднаа од карпа. За жал, алпинистот од Белгија почина, а другиот кој е од Куманово беше спасен и итно пренесен во болница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img