More

    Загриженост во ВМРО-ДПМНЕ дека е пробиен финансискиот плафон

    spot_img

    Денешниот објавен податок за годишната стапка на инфлација во октомври од 19,8% и просечната стапка на инфлација од 13,2% во периодот од јануари до октомври 2022 година во однос на истиот период од претходната година, покажа дека инфлацијата е вон контрола, коментира ВМРО-ДПМНЕ.

    „Проекцијата на Народната банка од април оваа година (со започната војна во Украина) за просечната стапка на инфлација за цела 2022 година беше 8,8%, а на Министерството за финансии во јули оваа година со ребалансот на буџетот беше 7,2%. Просечната инфлација до октомври е повисока за 50% во однос на проекцијата на НБРМ и за 83% од проекцијата на Министерство за финансии. Ова покажува дека инфлацијата излезе од контрола и за оние кои имаат најголема одговорност да ја зауздаат! Факторот на војната во Украина беше земен во проекциите, но и не и нивната неспособност да се организираат и реагираат. Експанзивниот буџет, без никаква консолидација на расходната страна во делот на трошења за стоки и услуги, како и ненавремената реакција на централната банка ја донесоа оваа инфлација. Тврдењата дека инфлацијата во голем дел е увезена не се точни, од причина што во октомври годишната стапка на инфлација во еврозоната (нашиот најзначаен трговски партнер) е околу 10%, а кај нас е двојно повисока и изнесува речиси 20%. Воедно, годишната стапка на базичната инфлација којашто ги исклучува варијабилните цени (на храната и енергијата) во септември беше 9%, што укажува дека секундарниот ефект од растот на цените на електричната енергија е голем и значајно се пренесува врз финалните цени. А како да не биде, кога фирмите во Македонија плаќаат една од највисоките цени на електрична енергија заради тотално неуспешниот менаџмент во енергетскиот сектор. Уште повеќе, оваа базична инфлација покажува дека населението и фирмите немаат доверба во носителите на макроекономските политики, односно дека нивните инфлациски очекувања (за идната стапка на инфлација) се зголемени. А како да не се?“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    Партијата смета дека еден од најзначајните домашни фактори кој ги разгоре инфлациските очекувања беше нестабилноста и ненавременоста на домашните мерки за намалување на инфлацијата.

    „Ја нема никаде јасната борба од централната банка за сузбивање на инфлацијата. Ја нема јасната борба од фискалната политика дека ќе ѝ помогне со рестрикции во буџетот на монетарната политика за сузбивање на инфлацијата. И во 2023 година буџетот и понатаму е експанзивен и инфлаторен“, се додава во соопштението.

    Оттаму наведуваат и други домашни фактори за кои велат дека ја условиле инфлацијатаИсториско ниско домашно производство на електрична енергија – што услови скап увоз и го потроши фискалниот простор за мерки; зголемени акцизи на нафтените деривати од април 2021 година; без реакција со стоковите и нафтените резерви – кои на почеток на кризата беа празни, а сега се или скапо полни или пак уште се; континуиран раст на трошоците за труд по единица производ –вештачкиот раст на платите при пад на продуктивност, фирмите го пренесуваат на финалните цени; ненавремена реакција на фискална политика – искористен фискален простор при зголемена маса на плати за јавна администрација и непродуктивни трошења, како и ненавремено обезбедување на финансирање за буџетот 2022 година; ненавремена реакција на централната банка за зауздување на потрошувачката – задржана ниска основна каматна стапка при појава на силни инфлациски притисоци. Реакција кога се појави двоцифрена инфлација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img