More

    Белград е на третото место на светската листа на најзагадени градови

    spot_img

    Белград утрово е на третото место на светската листа на градови со најголем степен на загаденост на воздухот.

    Според анализата на сајтот www.iqair.com, главниот град на Србија е зад Делхи кој е најзагаден и Ханој.

    Воздухот во Белград е класифициран како „нездрав“ за вдишување.

    Главен извор на загадување се ПМ2,5 честичките.

    Тој портал наведува дека во воздухот во Белград има 12,6 пати повеќе од овие честички отколку што се препорачува во годишниот водич за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација.

    Овие честички можат да потекнуваат од голем број извори како што се топлани, индивидуални камини, моторни возила, авиони, согорување на јаглен и дрва, шумски пожари, горење на полиња, вулкански ерупции и песочни бури.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img