More

    Немаме тајни полициски канцеларии во Холандија

    spot_img

    Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека канцелариите формирани во Холандија не се полициски станици, туку центри за помош на кинеските граѓани во процедурата за обновување документи.
    Реакцијата на Пекинг доаѓа ден откако холандската Влада нареди нивно затворање поради истрагата за нивните активности.

    Холандската Влада минатата недела најави дека ќе провери дали канцелариите работат според законите, откако претходно телевизија и портал објавија дека два такви центри вршеле одредени дејности како обнова на возачки дозволи за лица кои немаат дипломатски статус.

    Тоа следуваше по обвинувањата, што веднаш беа отфрлени од Кинеската амбасада во Хаг, дека во една од канцелариите бил малтретиран кинески дисидент со постојан престој во Холандија.

    Холандскиот министер за надворешни работи, Вопке Хоекстра, преку Твитер соопшти дека со оглед на тоа што не била побарана дозвола од Холандија, му било пренесено на кинескиот амбасадор дека канцелариите мора да бидат затворени.

    Запрашан за холандската истрага и дали Кина ја информирала Холандија за канцелариите, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан, ги отфрли наводите.

    – Организациите што ги спомнавте не се полициски станици или полициски канцеларии. Нивните активности се да им помогнат на локалните кинески граѓани кои треба да аплицираат за да ја обноват својата возачка дозвола со истечен рок – рече тој на денешниот редовен брифинг во Пекинг.

    За персоналот ангажиран во канцелариите рече дека тоа се кинески граѓани волонтери, а не полицајци.

    – Се надеваме дека односните страни не изнесуваат неразумни тврдења, истакна тој.

    И германските власти проверуваат дали Кина има нелегална екстериторијална полициска станица во Франкфурт, соопшти минатата седмица портпаролот на германската Влада.

    Целта на германската истрага е да се проверат извештаите на шпанската активистичка група „Сејфгард дифендерс” во кои се посочува дека Кина формирала непријавени полициски канцеларии во 30 земји, вклучувајќи ја и Германија, појасни портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи.

    Минатиот месец лице кое протестираше пред Кинескиот конзулат во Манчестер против кинескиот претседател Си Џијанпинг, изјави дека било одвлечено во дворот од страна на маскирани лица. Кина ги отфрли тврдењата за случувањата, посочувајќи дека демонстранти извршиле насилен упад на кинеска територија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img