More

    Руските воени лидери неодамна разговарале за употребата на тактичко нуклеарно оружје, а ова го вклучило алармот во САД

    spot_img

    Руските воени лидери неодамна разговарале за употребата на тактичко нуклеарно оружје, а ова го вклучило алармот во САД, изјавиле за Њујорк Тајмс неколку американски официјални лица. Во разговорите не учествувал лично рускиот претседател Владимир Путин. И покрај овие тврдења, во моментов американските власти немаат доказ дека руските сили преместуваат нуклеарно оружје или дека преземаат други активности.

    Она што ја вознемирило администрацијата на Џо Бајден е фактот дека средбата на руските воени лидери покажува оти тие се фрустрирани од неуспесите на бојното поле и дека тезата дека тие можат да прибегнат кон употреба на нуклеарно оружје не е за фрлање.

    Во меѓувреме, на Путин му е сѐ потешко да ги контролира кавгите меѓу генералите и раководните лица во војската. Се смета дека во моментов влијанието на Евгениј Пригожин, финансиер на платеничката група „Вагнер“, во Кремљ е еднакво со мислењата на Шојгу, Путин или на други високи претставници.

    Пригожин отворено ја критикуваше руската воена стратегија, велејќи дека Москва не му дава доволно средства и одврзани раце на „Вагнер“ за да ја изврши својата мисија во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img