More

    Како ќе се најдат наставници по математика, физика, хемија…

    spot_img

    Очекуваме до крајот на октомври, почетокот на ноември да добијат учебници учениците од прво, второ, четврто и петто одделение, вели министерот за образование Јетон Шаќири во интервју за Радио Слободна Европа.

    Тој зборува и за тоа како да се надмине проблемот со недостиг на наставен кадар. Како што е познато, има недостиг од наставници по математика, физика, хемија, информатика, физичко воспитување…

    – Оваа дискусија е отворена и заедно со Синдикатот за образование и наука (СОНК), со кој имаме добра соработка, имавме и преговори, имавме дискусија и за поголеми плати, исто така е побарано решение за наставниот кадар. Во законот за студентски стандард имаме дека за одредени струки, а што мислам дека треба да се прошири, студентите добиваат месечна стипендија од 18 илјади денари – ако се запишат на струките за физика, хемија, математика. Ќе видиме во следниот период ако можеме да го прошириме тој список за да ги мотивираме средношколците да се запишуваат на овие струки. Оваа работа со стипендиите е почната пред три-четири години, доаѓа првата генерација. Потоа ќе видиме како е со бројките колку струките имаат недостиг, дали има недостиг од уште 10, 20, 30… – рече Шаќири.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img