More

    По затворањето на Северен тек за Европа, цената на гасот скокна

    spot_img

    Цените на бензинот во Европа утрово повторно пораснаа поради затворањето на гасоводот Северен тек 1. На холандскиот центар ТТФ, цената скокна за 28 отсто. Октомвриските фјучерси за мегават час природен гас достигнаа 275,2 евра.

    На 31 август рускиот енергетски гигант Газпром го прекина снабдувањето со гас преку Северен тек 1. Тие најавија дека исклучувањето ќе трае три дена, за време на кои ќе се вршат рутински работи за одржување на гасоводот. „Газпром“ тогаш на 2 септември објави дека при работата е откриен дефект на турбината, па снабдувањето со гас ќе остане во прекин.

    „Северен тек 1“ работи со само 20% капацитет од 27 јули, што рускиот енергетски гигант го препиша и на две неисправни турбини. Една од турбините, произведена во Канада од компанијата Сименс енерџи, била испратена на поправка во Монтреал, а поради санкциите кон Русија, производителот првично не сакал да ја врати поправената турбина, но се предомислил по инсистирањето на Берлин.

    Како што наведува и Тасс, оваа турбина сега е заглавена во Германија, бидејќи Гаспром ја нема потребната документација што би овозможила транспорт и поправка на Северен тек 1.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img