More

    Азески со сочувство до семејството Палигора

    spot_img

    Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески испрати телеграма со сочувство по повод смртта на Никола Палигора, македонски бизнисмен и добитник на повеќе врвни признанија кој има значајно место и во новата Монографија издадена по повод 100 годишнината од постоењето на Комората.

    -Личното другарување со Нико остави големи траги во политиките на Комората во делот на надворешно- трговското работење на нашите членки, за што ќе му бидеме вечно благодарни, наведува Азески во телеграмата.

    Никола Палигора е роден во Битола 1953 година. Како стопанственик од областа на надворешната трговија, бил директор на фирмата „Битолски металец“, а потоа на сектор во трговско извозно–увозно претпријатие „Технометал Вардар“. Професионалниот живот го продолжува како директор на заедничката македонска фирма „Македонија стил“ во Лондон и директор на трговското претставништво „Технометал Варадр“ во Москова. Работел и како координатор на македонските стопански претставништва во Москва од 1985 до 1989 година, кога трговската размена помеѓу Социјалистичка Република Македонија и Советскиот сојуз од 60 милиони се зголемила на 700 милиони. Основач бил и на фирмата „Метал Сивас“ во Виена. Стекнатиот капитал го инвестирал во производство и промет с текстилни производи во „Палтекс“ АД, Делчево, а дел во фабриката за производство на пластична амбалажа во „Палпласт про“ Куманово, сопственост на неговата ќерка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img