More

    Денеска е донесена одлука за испраќање германски војници во Босна и Херцеговина

    spot_img

    Германскиот парламент Бундестаг денеска ќе одлучува за предлогот на германската влада за испраќање до 50 војници во мировната мисија ЕУФОР „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.

    Задачите на германските војници ќе бидат да ја поддржат и координираат обуката на вооружените сили на Босна и Херцеговина, да го поддржат создавањето безбедна средина, а мисијата, како што стои во предлогот на Владата, е да придонесат за зачувување на Дејтонскиот мировен договор од 1995 година, беше објавено на веб-страницата на Бундестагот.

    Германската влада во предлогот наведува дека и 30 години по почетокот на војната, сè уште има голем интерес за стабилизација на Босна и Херцеговина, нејзиниот развој во мирна и демократска правна држава, која може самостојно да ја обезбеди слободата и безбедноста на нејзините граѓани.

    Во предлогот се наведува дека покрај помирувањето и надминувањето на етничките поделби, целта е и вклучување на Босна и Херцеговина во ЕУ и евроатлантската заедница.

    Германската влада во предлогот забележува дека „актуелниот политички развој на ситуацијата во Босна и Херцеговина дава основа за голема загриженост“.

    „Етничките поделби сè уште влијаат на секојдневниот живот, доминираат во политиката и го блокираат напредокот и реформските процеси. Денес, националистичката и поттикнувачка реторика повторно се дел од политичкиот дискурс“, се наведува во предлогот на германската влада.

    Во предлогот се нагласува дека дополнително парламентот на Република Српска во последните месеци презел конкретни законски чекори кои, како што наведоа, „дополнително го одвојуваат овој регион од државата“.

    Постои опасност, како што се наведува, руската војна против Украина и конфронтацијата меѓу западните вредности и единството на државите и Русија, „руската страна да ја искористи како катализатор за понатамошна дестабилизација на Босна и Херцеговина“.

    Германската влада заклучува дека особено блиските врски на владата на ентитетот со Руската Федерација и нејзиното влијание врз Република Српска придонесуваат за загриженоста.

    Дебатата започнува во 13:10 часот и треба да трае 40 минути.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img