More

    Љубовницата на Путин првпат во јавност откако се воведени санкциите за Русија

    spot_img

    Наводната љубовница на рускиот претседател Владимир Путин и наводна мајка на неговите два сина се појави во јавност за првпат откако западните влади воведоа санкции за Русија поради инвазијата врз Украина.

    Поранешната златна олимпијка Алина Кабаева (39), која наводно има семејство со лидерот на Русија, не ги коментирала санкциите, како ниту својот приватен живот.

    Таа била видена во одморалиште на Црно Море во Сочи, на тренингот во кампот за ритмичка гимнастика со 28 деца, пренесува „Дејли мејл“.

    Весникот „Московски Комсомолец“ коментира дека таа „многу ослабела“.

    „Алина сака скап стил на облекување кој, бидејќи е шеф на Националната медиумска групација, може да си го дозволи“, наведува весникот.

    „Алина разговараше со децата во бели панталони и виолетова блуза со долги ракави. Исончаната ѕвезда ги покрила очите со модерни очила за сонце со бели рамки“, додава весникот.

    Ова е првпат таа да се појави во јавноста од април.

    Нејзиното повторно појавување оваа недела доаѓа набргу откако еден канал на Телеграм ја означил како „невидливата принцеза“.

    Додека Путин војува со Украина, таа на младите гимнастичари во Сочи им порачала: „Сакам да апелирам до сите да не се откажуваат – постигнете ги своите цели, немојте да паднете со духот“.

    Иако е водечка спортистка и славна личност во Русија, нејзиниот статус како партнерка на Путин е недостапен за медиумите.

    ФОТО: Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img