More

    Од ВМРО-ДПМНЕ предлаат 23, 6 милиони евра да одат за антикризни мерки

    spot_img
    ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во услови на криза не престануваат непродуктивните трошења на власта на СДСМ и ДУИ.
    Според партијата, последен во низата случаи е скандалозното трошење на ТИРЗ во вредност од 23.6 милиони денариза јавна набавка за „мониторинг на договорите на државна помош”.
    – Било која државна помош што ја дава државата или институциите е контролирана согласно постојните законски решенија и институции и нема потреба од дополнително ангажирање на субјекти за оваа работа. Очигледно власта сака на овој начин да испумпува пари во време кога народот едвај врзува крај со крај – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
    Оттаму додаваат дека тоа е причина зошто стопанството тоне а граѓаните осиромашуваат. Парите од буџетот безмислосно се трошат преку вакви сомнителни тендери.
    – Наместо парите да завршат за помош на граѓаните кои се соочуваат со двоцифрена инфлација, наместо да се даде поголема помош на компаниите кои ги  остават на цедило, наместо повеќе пари за земјоделците, просветарите, работниците, парите власта ги расфрла на сомнителни и крајно непотребни тендери – велат од партијата и додаваат дека е време за промени.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img