More

    Франција е подготвена да учествува во операцијата за деблокирање на пристаништето Одеса

    spot_img

    Франција е подготвена да учествува во операцијата за деблокирање на пристаништето Одеса на југот на Украина за да се овозможи извоз на житни култури во земјите на кои тоа им е потребно, соопшти Елисејската палата.

    Според француската онлајн телевизија BFMTV, неименуван советник на француското претседателство изјавил дека Франција е достапна за „операција што ќе овозможи пристап до пристаништето во Одеса на безбеден начин, односно пристап до бродови и покрај фактот што има мини во морето.”

    Советникот додаде дека Франција сака Украина да излезе како победник од конфликтот со Русија.

    „Како што претседателот (на Франција, Емануел Макрон) имаше можност да каже претходно, сакаме Украина да победи. Сакаме повторно да го воспоставиме територијалниот интегритет на Украина. „Сакаме овој конфликт, оваа војна на Русија против Украина да заврши што е можно поскоро“, рече советникот на Макрон.

    Русија воведе блокада на украинските пристаништа во Црното Море, особено на пристаништето Одеса, додека украинските власти сакаат да извезат околу 20 милиони тони жито складирано во силосите на земјата.

    Русија започна инвазија на Украина на 24 февруари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img