More

    Мапа ја споредува површината со делови од Европа, Италија, Британија

    spot_img

    Според некои пресметки, Русија од 2014 година до денес окупирала 123.229 квадратни километри од Украина, што е приближно една петтина од цела Украина. Ако тоа го споредиме со површината на Балканот, тоа би било како да се окупирани Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора заедно. Ова убаво го илустрира мапата на Фејсбук, објавена од корисникот Алекс Бокоч, пишува Б92.

    „За моите европски пријатели! Само имајте го на ум овој дел од Украина што Русија го окупираше кога ги слушате изјавите на нејзините политичари“, напиша тој и сподели неколку мапи на европските земји, објави Ал Џезира.

    Другите карти ја споредуваат окупираната површина со вкупната површина на Австрија и Швајцарија, односно со Чешка и Словачка. Потоа се правени спредби Франција, Германија и со Италија.

    Бокоч не го наведува изворот на податоците што ги користел за креирање на картата, а вели дека мапата ја добил со цртање гранични линии на Гугл Мапс.

    Да потсетиме, од почетокот на војната излегоа безброј мапи за окупираната територија во Украина. Секако, таа се менува од ден на ден, а некои канали на Јутјуб даваат можност и за онлајн-следење на окупацијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img