More

    И летово ќе има ваучери за туризам – Вработените со ниски примања ќе можат да аплицираат

    spot_img

    Со ребалансот на буџетот предвидени се 15 милиони денари за доделување ваучери за вработени со ниски примања за одмор во домашните туристички капацитети, информира денеска од Охрид министерот за економија Крешник Бектеши.

    Пред средбата со стопанственици и трговци од охридско-струшкиот регион, одговарајќи на новинарски прашања посочи дека тоа е една од владините мерки за поддршка на домашниот туризам, неизоставајќи ги ниту мерките на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за привлекување странски гости.

    – Тоа е е една од мерките, кои се реализираат од страна на Владата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски примања, а во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има и многу мерки за поттикнување на странски туристи. Во туризмот има и други мерки во делот на подобрување на инфрастрултурата, услугите што ги дааат хотлеиерите и угостителите, со цел подобра понудата во Охрид и Струга не само за домашните, туку и за странските туристи – изјави Бектеши.

    Бројот на доделени ваучери, нагласи, зависи од апликациите, односно колку члено семејство аплицира.

    – Во зависност од апикациите генерално секоја година имаме од 1.500 до 2.000 ваучери. Во зависност од членовите семејството, зависи и висината на ваучерот, претходните години беше до 220 евра – појасни Бектеши.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img