More

    Мајката на Илон Маск на 74 години позира во бикини

    spot_img

    Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, води многу необичен, дури и контроверзен живот, а ниту неговата мајка не се води според животните клишеа. Иако има 74 години, Маје Маск е една од најбараните модели на денешницата, а сега ја прифати и поканата која не можеше да ја одбие, па ќе се најде на насловната страница на прочуениот магазин „Спортс илустрејтед“ (Sports Illustrated Swimsuit).

    – Кога би кажала некому дека ќе позирам во костим за капење за „Спортс илустрејтед“, луѓето ќе ме заклучат и ќе кажат дека сум луда, па затоа сум крајно возбудена и среќна што одлучив да направам нешто такво бидејќи и постарите жени можат да носат костими за капење и да изгледаат добро. Мислам дека ова ќе ги промени ставовите на жените слободно да одат во своите костими за капење – открила Меј Маск, манекенка, диететичарка и мајка на милијардерот Илон Маск.

     

    Маје Маск на 74 години се решила на потег за кој ретко која жена би се одлучила на нејзина возраст. Маје позирала во едноделен костим за капење со потписот на Мајгел Коронел, додека носела само обетки во форма на златни палми и открила дека нема намера наскоро да стави крај на манекенската кариера.

    – Не мислев дека годините ќе создадат толку многу проблеми во манекенството бидејќи тие не се никаков проблем кога работам како диететичарка и научник – рекла Маје Маск и додала:

    „Навистина сум среќна што луѓето ме ангажираат да зборувам за стареењето и како да се чувствувате добро во сопствената кожа на која било возраст. Исто така, многу сум горда што можам да испратам порака до жените во светот да ја бараат својата среќа, да ги прават работите што сакаат да ги прават, да се дружат со драги луѓе, да бидат љубезни со сите затоа што никогаш не знаеш што те чека зад аголот. Навистина ги живеам најдобрите години од мојот живот, иако тоа не го очекував.“

    Познатиот магазин го красат неколку фотографии од Маје Маск позира во костими за капење во разни дезени.

    Покрај 50-годишниот Илон Маск, Маје е мајка и на 49-годишната Кимбал и 47-годишната Тоска, а со манекенство започнала како 15-годишно девојче во родната Јужна Африка, но нејзината кариера доживеала бум во 2010 година кога позирала гола за насловната страница на магазинот „Тајм“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img