More

    Македонското знаме се најде на дресот на Украина

    spot_img

    Знамињата на државите што ја поддржуваат Украина, меѓу кои и македонското, се аплицирани на дресот на фудбалската репрезентација на Украина наменет само за пријателските натпревари во мај, почнувајќи од вечерашниот кај германскиот бундеслигаш Борусија Менхенгладбах.

    Над картата на Украина обрабена со знаменцињата на предната страна од дресот стои логото „У24“, кое ја симболизира онлајн платформата за прибирање финансиски средства за помош на земјата, иницирана од претседателот Володимир Зеленски.

    Бројот на задниот дел од дресот, пак, ги содржи имињата на украинските градови во кои се водени борби со руската армија.

    Украина, која лани во Букурешт ѝ беше противник на Македонија во групата на Европското првенство, на 1 јуни во Глазгов ја очекува полуфиналниот дуел со Шкотска од баражот за Светското првенство во Катар. Победникот од мечот на 5 јуни ќе игра со Велс, кој во првата полуфинална средба ја совлада Австрија со 2:1.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img