More

    Членката на Пуси Риота побегна од Русија и покрај полицискиот надзор

    spot_img

    Марија Аљохина, истакната членка на рускиот панк рок бенд / активистичка група Пуси Рајот, побегнала од земјата и покрај тоа што била под полициски надзор, изјави нејзиниот адвокат во вторникот.

    Адвокатот Даниил Берман за руската новинска агенција Интерфакс изјави дека Аљохина повеќе не е на руска територија. Тој рече дека не знае како ја напуштила земјата бидејќи била под постојан полициски надзор.

    Според непотврдени извештаи, Аљохина ја напуштила својата зграда облечена во униформа на курирска служба. Во моментов не е познато каде се наоѓа.

    Аљохина неколку пати беше мета на руското правосудство. Во септември ѝ беше забрането да излезе од дома во текот на ноќта, откако повика на протести поради ослободувањето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

    Против неа безбедносните служби од почетокот на годинава поднеле повеќе тужби.

    Во 2012 година, Аљохина и неколку други членови на Пуси Рајот станаа познати по настапот во московската катедрала, кога тројца членови беа осудени на по две години затвор за хулиганство и поттикнување на верска омраза.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img