More

    Вдовицата на Оливер Драгојевиќ изнесе неверојатни детали од животот со легендарниот пејач

    spot_img

    Легендарниот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ почина на 29 јули, а неговата љубов, сопруга и животна сопатничка Весна, подоцна проговорила за пејачот.

    Вдовицата на Оливер сега се присетила на младоста, како и на денот кога Драгојевиќ ѝ се додворувал.

    Весна, исто така, раскажала и како Оливер ја следел околу Стардун во Друбровник кога ја забележал, иако тој веќе тогаш имал девојка.

    „Имаше една Јелена, јас ја знам. Секој ден ги менуваше тие жени. Тој со неа рака под рака, а оди по мене. А тоа траеше сигурно десетина дена. И еден ден, седи тој во една градска кафеана и ми се обраќа: ’Сињорина, вие мене однекаде сте ми позната!‘ А јас му велам: „Ме знаеш, бидејќи веќе десет дена си ми зад грб“, раскажала Весна во вечерното шоу на Џулијано на „Радио Далмација“.

    Според зборовите на Весна, Оливер бил изгубен случај.

    „Тој беше изгубен случај. Во два часот по полноќ по концертот во Требиње ми се јави за да ми каже дека ќе дојде со такси по мене, домашниот телефон заѕвони во ходникот, ја разбудив цела куќа, а работам во шест часот наутро во болницата“, се присетила Весна, а потоа открила како таа финансиски го издржувала.

    „Оливер беше спонзоруша, јас го издржував, моите земаа кредити за да го уредиме станот… Кога се венчавме, 11 луѓе живеевме во истиот стан осум години! Наутро сите ќе се разбегаат, ќе останевме само јас и свекрва ми. А таа имаше години како јас сега. Но таа мене, по тоа како ја доживував, ми беше толку стара, што секој ден очекував дека ќе почине. Постојано говореше: „Тешко ова, тешко она, јас ќе си умрам“, своевремено раскажала Весна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img