More

    Нов скандал: Политичар со државни пари отпатува на мечот со Роналдо, јавноста бара оставка

    spot_img

    Јапонскиот политичар Кеинго Оиши се најде во центарот на скандал откако со државни пари отпатува на натпреварот помеѓу Кристијано Роналдо и Ал Наср.

    Оиши, гувернерот на Нагасаки, го прескокна важен состанок меѓу лидерите од целата земја за да присуствува на пријателскиот натпревар меѓу Ал Наср и ПСЖ во Осака на 25 јули.

    Како што пишува шпанскиот весник „Марка“, Оиши објаснил дека парите за билетите се од негов џеб, но патувањето и сместувањето ги платила јапонската градска управа.

    Политичарот се извини што го искористи настанот за да ги покани Португалците да учествуваат во идното рекламирање на Нагасаки, иако некои официјални лица тврдат дека нема одговор од португалската ѕвезда за овој вид на рекламирање.

    Некои бараат негова оставка поради невршење на работата и недостојно извршување на функцијата јавен функционер.

    Тврдат дека приоритет ги имал сопствените интереси и присуствувал на рекреативен настан, а не на официјален состанок.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img