More

    Русинот Алексеј Навални отстранет од затворската колонија, неговото моментално место не е познато

    spot_img

    Русинот Алексеј Навални отстранет од затворската колонија, неговото моментално место не е познато
    Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални е отстранет од казнената колонија ИК-6 во Владимирската област, источно од Москва, и неговата моментална локација не е позната, изјавија неговите соработници во понеделникот.

    Како што пишува Ројтерс, соработниците на Навални се подготвувале за негово евентуално префрлање во колонија на строг режим, откако тој во август беше осуден на дополнителни 19 години затвор.

     

    Портпаролката на Навални Кира Јармиш изјави дека персоналот во колонијата ИК-6 во градот Мелехов му кажал на неговиот адвокат, кој чекал надвор, дека опозицискиот лидер повеќе не е меѓу затворениците.

    Одбиваат да кажат каде го однеле“, објави таа на социјалната платформа Х.

    Процесот на преместување на затворениците со железница низ огромната територија на Русија може да потрае со недели, при што членовите на семејството не можат да добијат информации за нивното место на живеење и состојбата додека не стигнат до нивната дестинација.

    Адвокатите на Навални не можат да стапат во контакт со него од минатиот вторник.

    Неговиот помошник, Љубов Собол, изјави за Ројтерс минатата недела дека неговите поддржувачи стравуваат дека тој ќе биде префрлен во нова казнена колонија и дека тајмингот е поврзан со почетокот на кампањата за претседателските избори во која Владимир Путин рече дека ќе бара уште еден шестгодишен мандат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img