More

    Испратена контрола во кавадаречкиот суд

    spot_img

    Членови на Комисијата за надзор на работата на судовите при Министерството за правда од денеска изутрина врши контрола на Основниот суд Кавадарци.

    Комисијата врши надзор на работата на судот врз основа на забелешките содржани во извештаите од одржаните седници на Судскиот совет, но и по пријави за работата на претседателот на судот, судијата Лазар Нанев, испратени до Јавното обвинителство.

    Освен ова, комисијата ќе испитува дали имало дали се почитувала компјутерската распределба на предметите или се делеле на рака, односно дали се почитувал АКМИС системот.

    Министерството за правда соопшти дека овој надзорот врз Основниот суд во Кавадарци е дел од редовните активности на Комисијата за надзор на функционалноста на системот АКМИС, а беше најавен и на прес конференција од страна на министерот за правда Кренар Лога.

    „Вакви надзори Комисијата во изминатиот период изврши во Управниот суд како и судовите во Куманово, Кратово, Крушево и Берово по што беа изготвени извештаи за констатираните состојби. По извршениот надзор во судот во Кавадарци, Комисијата ќе изготви извештај“ – се вели во соопштението на Министерството за правда.

    Министерот Лога минатата недела го разреши судијата Нанев од претседател на Советот на информациско-компјутерска техника (ИКТ) и иницираше постапка за изработување на нов правилник за функционирање на ова телоЛога рече дека во министерството добиле пријави за судијата Нанев за неправилности во работењето, кои се доставени и до Судскиот совет и до Вишото јавно обвинителство, но од таму нема соодветна реакција. Министерот Лога рече дека нема да дозволи судии за кои постои сомнеж за нарушен интегритет, да го ја загрозуваат работата на судот, и поради тоа го отстрани Нанев од телото кое е во надлежност на Министерството за правда. Според министерот, наводите против Нанев се поткрепени со сериозни документирани докази. Министерот инсистираше Судскиот совет да отвори постапка и да ја испита работата на претседателот на кавадаречкиот основен суд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img