More

    Бочварски: Директорот на МЕПСО го назначува Надзорниот одбор на компанијата. Таму прашајте по кои критериуми е избран

    spot_img

    Директорот на МЕПСО го назначува Надзорниот одбор на компанијата. Таму прашајте по кои критериуми е избран, рече денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, одговорајќи на новинарски прашања.

    Бочварски ги упати новинарите, прашањата за компетентноста и за CV-то на новиот директор на МЕПСО да ги достават до Надзорниот одбор.

    – Директорот на МЕПСО го назначува Надзорниот одбор на МЕПСО, така што овие прашања ќе ги упатите таму. Тие работат согласно Закон за трговски друштва и согласно член 353, ако не се лажам од тој Закон тие имаат постапено. Така што, прашањата за компетентноста, за CV-то на новиот директор ќе ги упатите во Надзорниот одбор – истакна министерот Бочварски по почетокот на градежните работи на „Бехтел и Енка“ на Коридорот 8.

    За нов директор на АД МЕПСО, Надзорниот одбор го назначи Зуди Енузи Кока, потврдија за МИА од компанијата. Неговото назначување ќе се официјализира по запишувањето во Централен регистар.

    Енузи Кока досега беше шеф на кабинетот на разрешениот директор на АД МЕПСО Сурија Рашиди.Тој претходно беше директор на ЈП Комунална хигиена, но беше разрешен од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

    Зуди Енузи Кока е член на Алијанса за Албанците, партија коалициски партнер во Владата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img