More

    Хеликоптерот на МВР Бел-212 денеска исфрли над 23 тони вода интервенирајќи во пожарот над прилепско Кошино

    spot_img

    Хеликоптерот на МВР Бел-212 денеска исфрли над 23 тони вода интервенирајќи во пожарот над прилепско Кошино, информираат од МВР.

    „Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар на сува трева и нискостеблеста вегетација над село Кошино, општина Долнени, прилепско, пријавен во 13.40 часот, го упати хеликоптерот Бел-212“, се наведува во соопштението.

    Полицискиот хеликоптер, како што посочуваат од МВР, дејствуваше координирано со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица и ер-трактори на ДЗС, при што се локализирани неколку краци од пожарот кои се наближуваа до две села во општина Долнени.

    Со хеликоптерот Бел-212 при гасењето беа исфрлени 23 тони вода во повеќе од 30 налети, со што беше спречено пожарот да се прошири и да го зафати селото.

    Нема опасност по манастирот и селото Зрзе, ниту по селото Кошино во чија близина попладнево избувнаа пожари, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    – Кракот што се движеше во насока на Зрзе е под контрола. Пожарот кај Кошино не го загрозува селото, но останатите краци не се под контрола – вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img