More

    Во Атина со крстови се протестираше против биометриските лични карти

    spot_img

    Со грчки знамиња, крстови, икони, темјан, но и со говори, стотици Грци, организирани преку социјалните мрежи, вечерва одржаа мирен протест во центарот на Атина против новите биометриски лични карти што ќе ги воведе грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Ќе имаат чип, ќе имаат баркод, ќе го содржат бројот на ѓаволот 666, се само дел од тврдењата на демонстрирачите. 

    фото: МИА

    „Дигиталната лична карта е твојот дигитален затвор“; „Не за електронското ропство“ беа дел од слоганите на транспарентите на демонстрантите.

    Насобраните порачаа дека нема да ги прифатат новите лични карти, а упатија и критики до Грчката православна црква затоа што, како што рекоа, не ги поддржала, а на протестот не дошол ниту еден митрополит.

    фото: МИА

    Меѓу присутните имаше голем број свештени лица, монаси и монахињи, но и припадници на нацистичката Златна зора, како и поддржували на радикални десничарски групи.

    Минатата седмица ист протест се одржа и во Солун, а демонстрантите се организираа преку социјалните мрежи. Реакциите против новите биометриски лични карти, започнаа во текот на летото, кога голем број граѓани во различни делови на Грција започнаа масовно да поднесуваат барања за обнова на постоечките лични карти, мислејќи дека така ќе избегнат вадење биометриски.

    Откако Грција во јули добила уште едно предупредувачко писмо од ЕУ за неусогласување со европската регулатива, новите лични карти ќе почнат да се издаваат на 25 септември, а старите ќе престанат да важат на 3 август 2026 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img