More

    Пред македонската влада вечерва се одржа протест на граѓаните кои го изразија својот револт во врска со случувањата на Клиниката за онкологија

    spot_img

    Пред македонската влада вечерва се одржа протест на граѓаните кои го изразија својот револт во врска со случувањата на Клиниката за онкологија. Со транспаренти „Убивате за профит”, „Колку вреди човечкиот живот”, „Онкологија=профит”, „Разбуди се мој народе“, тие побараа овој случај да не помине неказнето.

    Насобраните граѓани, кои и покрај дождливото време се собраа во 18 часот пред Владата, во центарот на Скопје, извикуваа – „крадци“ и „убијци“. Дел од насобраните си ги обоија рацете со црвена боја, а со црвена боја со големи букви на улицата пред Владата испишаа – „Убијци“. Дел од нив фрлаа јајца кон зградата на Владата.

    Луѓе кои изгубиле некој близок на микрофони пред присутните ги споделуваат своите искуства со Клиниката за онкологија.

    – За седум дена мајка му се претвори во жив мртовец, а беше карпа човек. Оваа влада, оваа Министерство, Клиниката за онкологија, сето тоа е мафија! На човек кој се бори за живот секој ден му е битен, а на крај ќе се најдат некои директори и министри да му го уништат животот. Имавме многу случаи во здравството, никој не одговараше – рече еден од присутните, кој неодамна ја изгубил мајката, која имала карцином на дојка.

    – Сите што се вмешани, да се изведат пред лицето на правдата, да нема овој ми е брат, оној ми е роднина, кој колку што заслужил, толку да добие – порачаa граѓанин кој протестираше пред Влада.

    Откако со една минута молк им одадоа почит на настраданите на онкологија, демонстрантите го продолжија својот марш кон Министерство за здравство, a потоа и пред Јавното обвинителство, каде исто така фрлаа јајца.  Пред обвинителството демонстрантите продолжија да скандираат „Оставка“, „Нема правда, нема мир“, „Место на злосторот“, а и таму, како и пред Владата, со црвена боја на плочникот испишаа „Убијци“.

    Пред владината зграда можеа да се забележат членови и активисти на Левица, а подоцна пред обвинителството во првиот ред се појави и нивниот партиски лидер Димитар Апасиев.

    Граѓаните протестираат откако Обвинителството изминатиот викенд отвори предистражна постапка по написите на медиумите дека имунолошката терапија од цитостатиците, од која зависи животот на пациентите болни од рак, постојано доцни, но и дека во неколку наврати вработени на клиниката биле фатени како ја крадат и ја препродаваат неопходната и скапа терапија.

    Премиерот Димитар Ковачевски во врска со случајот изјави дека пардон нема да има за никого, и побара случајот да не се политизира бидејќи како што кажа, се работи за мултипартиски и мултиетнички криминал. Според него, протест на граѓаните е добредојден, зашто така се врши дополнителен притисок врз институциите да се реши случајот.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img