More

    Коалицискиот партнер смета дека законските измени не треба да се носат

    spot_img

    Еден закон не треба да се менува за потребите на една компанија, особено не на ваков начин, со европско знаменце – рече пратеникот Љупчо Балкоски од ВМРО-НП, поранешен министер за транспорт, во дискусијата за измените во Законот за урбанистичко планирање во Собранието.

    – Овој пакет предлог закони не се однесуваат на коридори, туку само за дел од тие коридори, автопатски делници. Овде зборуваме за делови од коридори, а не за цел систем. Кога веќе сме донеле таков градежен гигант, требаше да одиме со комплетни коридори 8 и 10д. Коридорите сега не се целосно автопатски решенија, туку само делумно. Коридорот 8, на пример, почнува од Крива Паланка, а завршува до Ќафасан. Сега имаме автопатско решение од Тетово до Ќафасан и од Прилеп до Битола, а тоа значи од Куманово до Деве Баир ќе имаме тесно грло – рече Балковски.

    Тој подвлече дека многу проблеми ќе настанат во текот на градењето затоа што не е предвидено дека ако предлог трасата се промени, треба да се променат и условите за градење.

    – Урбанистичкото планирање е првата фаза и затоа е потребно во планирањето да се опфатат сите елементи и фази за донесување на урбанистичкиот план, рече Балковски.

    Во Собранието денеска продолжи расправата по предлогот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка, кaко дел од пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10д.

    Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ забележаа дека за вакви закони надлежна е Комисијата за транспорт и врски, а не Комисијата за европски прашања. И за измените на овој предлог-закон посочија дека Владата го злоупотребува користењето на европското знаменце. Опозициските пратеници прашаа како може да се тврди дека овој коридор ќе чини околу 1,3 милијарди евра без направена студија, без направен идеен и основен проект, без ревидиран проект, главен проект, проект на изведена состојба…

    Пратениците од опозицијата посочија дека без проект, не може да се удри лопата. Тие потенцираа дека и овој предлог-закон е доставен до пратениците со празна кореспондентна табела затоа што, како што посочија, Владата нема што да напише, нема ништо помеѓу овој закон и законите во Европа.

    Пратениците од СДСМ се надоврзаа на интервјуто на американската амбасадорка Анџела Агелер за МИА, во кое таа вели дека „Бехтел“ е компанија која работи транспарентно и законски, а опозицијата критикува заради политички поени. По оваа изјавата на амбасадорката, веќе нема ништо сомнително околу изградбата на коридорите, сметаат пратениците од СДСМ.

    Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ реплицираа дека амбасадорката кажала дека компанијата „Бехтел“ работи добро, а не дека македонската Влада работи добро.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img