More

    Лидерката на бугарските социјалисти бара декларација за осуда на зборовите на македонскиот премиер

    spot_img

    Првиот човек на партијата БСП во Бугарија, Корнелија Нинова, бара усвојување на генерална декларација на Народното собрание со која се осудуваат провокациите на македонскиот премиер Димитар Ковачевски од вчера по неговата брутална споредба дека Софија се однесувала со Скопје како Кремљ да го споредува со Киев, пишуваат бугарските медиуми.

     Таа изјави дека „се насобрале неприфатливи постапки од страна на официјалните власти на РСМ“.

     – Времето потврди дека ние од БСП бевме во право што не го поддржавме францускиот предлог. Ова не е доволно. Веќе денеска на Советот на претседавачи ќе иницираме општа декларација на Националното собрание. Ќе апелираме до сите парламентарни претставници да го поддржат. На овој начин ќе изразиме дека не го прифаќаме овој став (на Ковачевски) и ќе инсистираме тоа да биде заеднички став на сите партии застапени во парламентот – порача Нинова.

    Претседателката на БСП додаде дека ваквиот третман од страна на македонските власти „е понижувачки, навредлив и неприфатлив“.

     БСП неодамна се повлече од разговорите со ГЕРБ на Бојко Борисов за формирање на нова влада во Бугарија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img